kuleba obrakjanje vo on baranje borbeni avioni

23.02.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи на Украина уверува дека неговата земја нема да користи западни борбени авиони за напад на територии во Русија.

Дмитро Кулеба истакна дека на Украина и се потребни борбени авиони за да ја прекине војната и да ја турне Русија надвор од нејзините источни граници.

„Можеме да гарантираме дека ќе користиме западно оружје за ослободување на украинските територии“, додаде министерот за надворешни работи Кулеба.

Западните земји се уште се воздржуваат од испраќање борбени авиони во Украина, и покрај нивната јасна предност што би ја донеле во војната, поради постојаните стравувања дека тоа ќе го поттикне ширењето на конфликтот надвор од границите на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author