23.02.2023 Скопје
Севернокорејската влада свика редок пленарен состанок за да разговара за проблемите што го мачат земјоделскиот сектор во земјата. Ова го објави информативниот сајт „Дејли Нк“, цитирајќи анонимни извори од провинцијата Северен Хамгјонг.
Северните власти им дадоа индикации на провинциите да ги изберат делегатите за состанокот, кој ќе се одржи до крајот на февруари. Според изворот, севернокорејската влада известила дека проширената средба ќе послужи за разговори „сектор по сектор“ за задачите неопходни за зајакнување на материјалните и технолошките основи на земјоделската индустрија во поглед на следната сезона и за постигнување „епохален решение“ за проблемите со снабдувањето со храна во земјата.
Службениот весник на Северна Кореја, „Родонг Синмун“, во меѓувреме предупреди дека потпирањето на странска помош за справување со недостигот од прехранбени ресурси во земјата ќе биде еднакво на прифаќање „отровни бонбони“ и ја повика земјата да продолжи да се залага за самодоволност наспроти тешкотиите.
„Обидот да се поттикне економијата со прифаќање и внесување на странски инвестиции би бил грешка“, објави службениот весник на Северна Кореја.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, минатата недела присуствуваше на инаугурацијата на големиот проект за изградба на оранжерии и развој на 10.000 станбени единици во Пјонгјанг, и според него новите оранжерии претставуваат модел за надминување на „тековните тешкотии“, во Северна Кореја.
Подготвено од М.Н.