21.02.2023 Скопје

Регионот во Турција кој пред две седмици беше погоден од раздорен земјотрес кој однесе повеќе од 41.000 животи, повторно се соочи со јак земјотрес од 6,4 степени по Рихтер. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри во провинцијата Хатај во Јужна Турција.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека во 20:04 часот по локално време се случил земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во областа Дефне во Хатај.

Од агенцијата додадоа дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последовен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил областа Самандаг во Хатај.

Турските власти упатија предупредување до населението во критичниот регион, да не влегуваат во оштетените згради и да ги следат официјалните извори за точни информации.

Земјотресот бил почувствуван и во Сирија, Либан, Кипар и во Израел.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *