16.02.2023 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека во најкраток можен рок ќе се изнајде решение и начин за на вработените во здравствениот сектор да им се исплатат платите кои сè уште ги немаат добиено поради моменталната нефункционалност на трезорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
Според премиерот Димитар Ковачевски, веб-страницата на ФЗО, која неколку дена не е во функција, а поради што корисниците на Фондот имаат проблем за добивање услуги, е хакирана, а тоа, како што вели, е дел од хибридната војна што моментално се води во Европа.
Ковачевски ги повика здравствените работници и корисниците на Фондот да бидат трпеливи, затоа што институциите деноноќно работат на решавање на проблемот заедно со експерти од Германија и од други партнерски држави.
Подготвено од А.Ѓ.