https://www.facebook.com/photo?fbid=657459073050178&set=pcb.657459323050153

17.02.2023 Скопје

Во скопјско Волково официјално е пуштена во употреба ново изградената детска градинка “Сонце“ која има капацитет за згрижување на 150 деца.

Средства во вредност од 1,7 милиони евра се обезбедени преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со поддршка на Светска банка и на Општина Ѓорче Петров.

На свеченото отварање на градинката покрај министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово Масимилиано Паолучи, присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски кој најави дека за оваа година планираат изградба и доградба на дополнителни над 20 градинки во државава, а исто така додаде дека од 2017 година навака се отворени вкупно 76 градинки на државно ниво.

Градоначалникот на Волково истакна дека со отворањето на градинката „Сонце“ се намалува бројот на дечиња кои чекаат на списоците за упис во детските градинки.

„Со правилен менаџмент за една година имаме намалување на листата за чекање од приближно 600 дечиња. Со целосно ставање во функција на овој објект ќе дојдеме до 180 деца кои се на листите на чекање. Раниот детски развој е особено важен за децата , за нивната социјализација и за стекнување здрави животни навики. Со сите ресурси со кои располагаме се залагаме да ги зголемиме капацитетите на постоечките градинки“, истакна Александар Стојкоски.

Подготвено од М.Н.

About Author