https://www.facebook.com/photo/?fbid=660207419442010&set=pcb.660207522775333

20.02.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ се сретнаа со Џорџ и Александар Сорос.

На средбата беше истакнато дека Владата во Република Северна Македонија ги промовира и практикува вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, истите вредности за кои се залага и Фондацијата отворено општество.

Соговорниците истакнаа дека отвореноста на државата за развој на демократијата, владеење на правото се клучни за развој на економијата, за нови инвестиции од домашни и странски компании.

Ковачевски додаде дека Владата ќе продолжи да го поддржува слободоумното граѓанство и критичката маса.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *