trikafta lek

14.02.2023 Скопје

Пет дена откако соопшти дека парите за набавка на „трикафта“ за најитните пациенти се обезбедени и дека нема да дозволи да почине уште еден пациент со цистична фиброза, премиерот Димитар Ковачевски вели дека се преговара за набавка на лекот.

Министерството за здравство, Фондот за здравство и Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести работата на набавка на лекот. Тој не кажа кога најрано би стигнал лекот кај пациентите иако пред пет дена беше згрозен сложените и бирократски процедури. Неговиот одговор денес на прашањето за набавката на „трикафта“ беше дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени.

Во петокот Владата соопшти дека се обезбедени 2,2 милиони евра од буџетот за набавка на „трикафта“ за најитните пациенти откако почина Благојче Илиевски, пациент кој две години се бореше да издејствува лекот да биде донесен кај нас.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author