https://www.facebook.com/photo.php?fbid=662782939184458&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

23.02.2023 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека, ветувањето дадено за просечна плата од над 34.000 денари до 2024 година, е остварено речиси една година порано.

„Според најновите податоци таа изнесува 34.364 денари во декември 2022 година, што е покачување за 4.421 денари или за 14,8% во период од само една година“.

„Ова е резултат на позитивните мерки и политики кои ги спроведува оваа Влада. Сето ова го направивме возможно во услови на голема глобална криза“, истакна Ковачевски.

„Продолжуваме и понатаму, овозможуваме раст и развој на економијата и го подобруваме животниот стандард на граѓаните“, додаде премиерот Ковачевски.

Подготвено од М.Н.

About Author