https://www.facebook.com/photo/?fbid=651196440343108&set=pcb.651196607009758

16.02.2023 Скопје

Временскиот рок од 30 дена за набавка на лекот „Трикафта“ е поради тоа што кога ќе се направи нарачката, тогаш се произведува лекот за пациентите, појаснува премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Ковачевски исто така информираше дека за време на вчерашниот состанок со Асоцијацијата за цистична фиброза договорено е пациентите со ретката болест да учествуваат во протоколите за примање на терапијата.

Од Владата соопштија дека се завршени администартивните процедури за итна набавка на лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек, се вели во соопштението од Владата на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author