https://vlada.mk/node/31440

07.02.2023 Скопје

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура.

На средбата ќе стане збор за активностите во рамките на УНЕСКО, а ќе бидат разгледани и плановите и проектите што ќе се реализираат во текот на оваа година, кога се одбележуваат 30 години од нашето членство во оваа еминентна организација. Ќе стане збор и за соработката со Центарот за светско наследство на УНЕСКО и советодавните тела и нивната експертска помош.

Костадиновска-Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, заедно со Татјана Краљевска-Лазарова, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, во попладневите часови ќе присуствува и на 16. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита и унапредување на разноводноста на културните изразувања, која од 7 до 10 февруари се одржува во седиштето на УНЕСКО, во Париз.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author