01.02.2023 Скопје
Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Европа, добиле нота од амбасадите на Соединетите Американски Држави во која се вели дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во членството на Советот на Европа не треба да биде ставено на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.
Од сигурни извори се дознава дека САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека „Косово не донесе поконструктивен став за Заедницата на српските општини (ЗСО), што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина“.
Се дознава дека овој став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.
Подготвено од М.Н.