09.02.2023 Скопје

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на условот повеќето странски патници кои пристигнуваат во државата со авион да бидат вакцинирани против Ковид-19.

Гласањето беше 227 против 201, при што седум демократи во Конгресот им се придружија на републиканците во гласањето за ставање крај на барањето за вакцинација против Ковид-19 за странските патници, кое се уште е во сила.

Администрацијата на Бајден во јуни го укина условот, луѓето што пристигнуваат во САД со авион да бидат негативни за Ковид-19, но не ги укина барањата за вакцинација на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за повеќето странски патници.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *