03.02.2023 Скопје
Конечно по поминати 17 месеци од катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој настрадаа 14 лица, остатоците од изгорениот објект се отстранети и транспортирани.
Местото каде беше поставена модуларната болница во дворот на „Клиничката болница Тетово“ сега е пренаменето за паркирање на возила.
Пред два месеци започнаа активностите за демонтирање и транспортирање на изгорената модуларна болница. Од раководството на Клиничката болница Тетово, тогаш кажаа дека се очекува за неколку дена фирмата изведувач да ги транспортира остатоците од кругот на болницата.
Дел од изгорениот материјал од болницата стоеше уште неполни 8 недели, но конечно деновиве е остранет.
Подготвено од А.Ѓ.