ustaven sud

01.02.2023 Скопје

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата и денеска ја продолжи расправата за предлогот Љубомир Јовески, актуелен јавен обвинител, да биде избран за уставен судија.

Седницата по неколкумесечна пауза продолжи вчера, а опозициската партија повторно со долги говори бараше владејачката партија да го повлече предлогот Јовески да биде кандидат за уставен судија.

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата.

Освен овие тројца, за уставни судии беа предложени и професорката Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство од Штип, Тодор Витларов, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судија од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски.

Во меѓувреме во пензија замина и уставната судијка Вангелина Маркудова, така што Собранието треба да започне постапка за избор на уште еден уставен судија.

Минатата недела од Уставниот суд упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии и тоа што е можно побргу со цел судот непречено да функционира како што е пердвидено со уставот.

Подготвено од М.Н.

About Author