evropskata komisija zabrani upotreba na tik tok na vrabotenite

23.02.2023 Скопје

Одборот на директори на ЕУ Комисијата одлучи да ја забрани употребата на апликацијата Тик Ток на уредите на нејзината компанија и на личните уреди регистрирани на услугата за мобилни телефони на Комисијата, соопштија од Европската Комисија.

Мерката, се вели во соопштението, дека има за цел да ја заштити Комисијата од закани за сајбер безбедноста и од дејствија кои би можеле да се искористат за сајбер напади врз корпоративната средина на Комисијата.

Безбедносните случувања на другите платформи за социјални медиуми, исто така, ќе бидат под строг надзор.

Оваа одлука внимателно е анализирана, разгледана и преземена од Управниот одбор на Комисијата. Се работи за времена мерка или мерка која постојано ќе се проверува и ќе подлежи на евентуални измени.

Ова е прва конкретна одлука која се поврза и со барање, односно да се избрише апликација, во овој случај Тик Ток, од уредите на Комисијата и да се побара од персоналот кој ги користи нивните приватни уреди за работни цели да ја избришат од своите телефони.

Потпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, изјви дека за оваа одлука ќе бидат известени и другите институции.

Подготвено од М.Н.

About Author