10.02.2023 Скопје
Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вчера вечер во Скопје, одржа киноконцерт во Кинотеката.
Проектот е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Северна Македонија. На настанот се одржа проекција на немиот филм „Авантурите на принц Ахмед“, со концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот.
Како дел од проектот, минатата година, се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche, како и мастерклас за студиско снимање. Следна активност е семинарот за хибридна музика со двоецот, диригентот Етиен Абелин и диџејот и продуцент Габриел Прокофјев, во чиишто рамки ќе се одржи концерт во Белград на 18 февруари во концертната сала „Коларац“.
Проектот е кооснован од Креативна Европа со поддршка на Европската комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година.
Подготвено од А.Ѓ.