22.02.2023 Скопје

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека високиот кинески дипломат Ванг Ји, и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, за време на состанокот во Москва се согласиле дека мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион треба да бидат цврсто поддржани и дека и двајцата се согласиле дека во никој случај не треба да се врати „менталитетот“ на Студената војна.

Ванг Ји оствари средба со лидерите на кинеско-рускиот стратешки безбедносен советодавен механизам и Патрушев, со кои разговарал за начините за подобрување на глобалното владеење, се наведува во соопштението на кинеското Министерство.

За време на средбата биле разменети мислења за ситуацијата во Украина, додаваат од Министерството, без да наведат конкретни детали.

Ванг денеска треба да се сретне и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не ја исклучува можноста Ванг да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *