https://www.flickr.com/photos/tequilapartners/5686104697/in/photolist-9EsLPT-cueKH5-4bUn2R-awPz2d-2aDrxzE-feEfo9-qvucy8-aQghDK-73XQUD-RsgmuJ-5uNij-QXB3JA-k7e7w6-cueTL7-4MoKuh-5CzrNL-dvEXJg-8xMyUL-eZPVJU-eZQBhb-a13aMD-jzRzCK-dLmg6E-EMJFhW-T5ednZ-4tHP9p-nxh8Yv-Zytzhf-czFwD5-9yZcy4-auDetS-C8gGqo-r6L7kB-dRTnVD-81WG6T-NUyaG7-htSCYU-aEg4CD-6SD4EG-SGmyTL-Cn92jP-dEbKB4-B16FW-pu6Wg7-aUd38p-JumMb-9gFytU-217UH71-4sTEYM-iVgqDD

17.02.2023 Скопје

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19, истакнувајќи дека нивните напори покажале успех, односно дека над 200 милиони луѓе имаат добиено ефикасен медицински третман, и се водат како земја која има најниска стапка на смртност во време на пандемијата.

Постојаниот комитет на кинеското Политбиро истакнаа дека е постигната голема решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата.

Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветен третман, но властите предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот се уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, пренесуваат тамошните медиуми.

Од комитетот исто така додадоа дека ќе ја зголемат постојаната стапка на вакцинација кај постарата популација и дека секогаш ќе се заложуваат за зголемено и навремено снабдување и производство на медицински производи.

Подготвено од М.Н.

About Author