20.02.2023 Скопје
Областите на Кина и САД се од клучно значење за светската економија, но се најмногу изложени на деструктивните ефекти од климатските промени.
Aвстралиска компанија за проценка на климатскиот ризик, XDI, која работи за инвеститори или финансиски аналитичари, прегледа повеќе од 2.600 територии ширум светот.
Според класификацијата на компанијата, три земји се најпогодени – САД, Кина и Индија.
Најизложени се некои кинески провинции како Џиангсу, Шандонг и Хебеи, а во САД тоа се Флорида, Калифорнија и Тексас. Загрозени се и области во Индија, Индонезија и Бразил.
Во Европа, германската Долна Саксонија и францускиот регион О-де-Франс се изложени на најголем ризик.
XDI се фокусираше на ризикот од неколку ефекти од глобалното затоплување, како што се поплави на реки и површини, поплави на крајбрежјето, екстремни горештини, шумски пожари, лизгање на земјиштето (поврзани со суша), екстремни ветрови и феномени на замрзнување и одмрзнување
Подготвено од А.Ѓ.