09.02.2023 Скопје
Казахстанскиот тенисер Александар Бублик ја шокираше тениската јавност кога во Монпелје направи сцена каде искрши три рекети на мечот против домашниот играч, Грегоар Бареро.
Бублик тотално незадоволен од резултатот и од својата игра прво го скрши рекетот што го држеше во рака, а потоа дојде до својата клупа и искрши уште два по ред.
Сето ова публиката го следеше со неверување, а Бублик подоцна беше и поразен по голем пресврт за два и пол часа игра.
Александар Бублик по завршувањето на мечот не се ни потруди да ја оправда својата постапка за да си го подобри својот имиџ.
Подготвено од М.Н.