13.02.2023 Скопје
Јужна Кореја ги казни Мерцедес, Ауди и БМВ со вкупно 33 милиони долари поради „манипулирање со податоците за емисијата на штетни гасови“.
Според Ројтерс, локалното регулаторно тело ги обвини германските производители за таен договор да инсталираат софтвер кој создава лажни податоци за емисијата на штетни гасови, а кој, според Корејците, „го попречувал развојот на нови дизел автомобили кои би биле помалку штетно за животната средина“.
Сепак, Мерцедес тврди дека компанијата целосно соработувала со сите регулаторни тела и нема да плати никаква казна, истакнувајќи дека случајот се однесува на истите факти кои беа предмет на постапката на Европската комисија, по што Мерцедес не мораше да плати казна.
Подготвено од А.Ѓ.