02.02.2023 Скопје
Од јавното претпријатие соопштија дека од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.
Во соопштението од ЈСП наведено е дека во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје.
Подготвено од М.Н.