https://ilinden.gov.mk/opshtina-ilinden-so-poddrshka-za-mladite-pretpriemachi/

08.02.2023 Скопје

Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за поддршка на младите претприемачи.

Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари, а барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

Право на учество на Јавниот повик може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 30 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2023 година со седиште на територија на општина Илинден.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *