Image by jcomp on Freepik

23.02.2023 Скопје

Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто.

Евростат објави дека годишната инфлација во Европската Унија истовремено изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто.

Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 отсто, Шпанија со 5,9 отсто, Кипар и Малта со по 6,8 отсто.

Највисока годишна инфлација е забележана во Унгарија од 26,2 отсто, Летонија (21,4 отсто) и Чешка (19,1 отсто).

Споредено со декември, инфлацијата опаднала во 18 земји-членки на ЕУ, а се зголемила во девет.

Најголем придонес во јануарската инфлација имаат храната, алкохолните пијалоци и тутунот со 2,94 отсто, енергијата со 2,17 поени, услугите со 1,8 поени и индустриските производи со 1,73 поени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author