14.02.2023 Скопје
На 15 февруари, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, со кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина.
Во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија). Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Симона Колиштркоска. Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Приходот од продадените билети за оваа балетска претстава ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.
Подготвено од А.Ѓ.