27.02.2023 Скопје
Израел се согласи да ја запре изградбата на населби на палестинските територии во следните четири месеци. Ова произлегува од завршната декларација на состанокот одржан во Акаба, Јордан, на кој присуствуваа претставници на Хашемитското кралство и на Израел, палестинските територии, Египет и САД.
Израел се обврза дека нема да разговара за можноста за создавање нови населби во следните четири месеци и дека нема да одобри ниту една нова станица за период од шест месеци. Палестинците и Израелците потоа ја потврдија својата посветеност на сите претходно постигнати договори и изразија подготвеност да работат кон постигнување праведен и траен мир.
Во завршната декларација, учесниците на состанокот ја истакнаа важноста да се работи за постигнување праведен и траен мир, потврдувајќи ја потребата да се заложат за намалување на ескалацијата на терен и спречување на натамошно насилство.
Во таа насока, повторно беше потврдена потребата од зачувување на историската статус кво со зборови и дела во светите места во Ерусалим, а потврдена е улогата на Јордан во заштитата на овие места. Петте страни се согласија да се состанат повторно следниот месец во Шарм ел Шеик, Египет, а истовремено се согласија да ги поддржат мерките за градење доверба меѓу Израелците и Палестинците и да ги решат отворените прашања преку директен дијалог.
За Јордан, Египет и САД, наведените точки претставуваат позитивен чекор кон обновување и зајакнување на односите меѓу Палестинците и Израелците. Трите земји, исто така, ја подвлекоа важноста на состанокот, „прв од ваков вид по години“, и ветија дека ќе го зачуваат постигнатиот моментум и ќе ги надополнат договорените точки на разбирање за поттикнување понепречен политички процес и постигнување праведен и траен мир.
Подготвено од М.Н.