izlozhba hrvatska niz vremeto

28.02.2023 Скопје

Македонско-хрватското друштво во соработка со м-р Славчо Максимовски и оваа година реализира ликовна работилница наречена „Хрватска низ времето“ овој петок во Уметничката галерија/Амам во Тетово со почеток во 18 часот. Ќе бидат претставени триесетина дела, претежно хрватски носии и хрватски замоци. Автори на трудовите се основци и средношколци, од кои најмалите имаат 8 години.

На отворањето на изложбата ќе говорат амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, г-ѓа Нивес Тигањ, како и координаторот на работилницата, г-дин Славчо Максимовски.

Ова е втор пат во Тетово да се одржува ваква изложба, откако претходно во 2021 година беа промовирани делата на учениците од ликовната работилница на Максимовски, под истото име.

Настанот ќе биде проследен со изведба на хрватски песни и странски класици на гитаристот Стефан Волчевски.

Оваа ликовна работилница е дел од годишните активности на Македонско-хрватското друштво, која е финансиски поддржана од Централниот државен завод за Хрвати надвор од Република Хрватска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author