https://www.facebook.com/photo/?fbid=593613669463521&set=a.296815355810022

28.02.2023 Скопје

Собранието ги избра четирите нови министри во Владата, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ.

Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ.

Министрите по гласањето дадоа свечена изјава.

Подготвено од М.Н.

About Author