06.02.2023 Скопје
Светската тениска асоцијација (АТП) стандардно на стартот на седмицата го објави новото рангирање на тенисерите и тенисерките.
Новак Ѓоковиќ ја започна 375. седмица на челната позиција, каде што со 7.070 бода е пред Карлос Алкараз, а следат Циципас, Руд, Рубљев, Надал, Оже-Алијасим, Фриц, Руне и Хуркач во топ десет.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, пак напредуваше на рангирањето. 18-годишното момче собра осум АТП поени, сега има вкупно 72 и ја зазема 504. позиција на рангирањето. Ивановски „тропа на вратата“ на најдобрите 500 на светот, веќе е израмнет по бројот на поени со петстотиот тенисер на листата.
До напредокот Ивановски дојде до настапите на ИТФ фјучрс турнирите, последно играше во Монастир и стигна до полуфиналето, каде што иако беше прв носител доживеа елиминација од тенисерот кој го освои турнирот.
Подготвено од А.Ѓ.