20.02.2023 Скопје
Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес ќе биде во официјална посета на Киев, каде ќе оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Мелони, која стана премиер во октомври, соопшти дека оваа посета на Киев пред 24 февруари, е во чест на првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.
И покрај несогласувањата во десничарската владејачка коалиција за ова прашање и поделеното јавно мислење, Мелони цврсто ја поддржува Украина.
Подготвено од М.Н.