zemjotres turcija

24.02.2023 Скопје

Утрово во Турција се регистрирани дури пет земјотреси за само еден час. Најсилниот земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Првиот и најсилниот земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеле серија послаби земјотреси, од кои најслабиот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, оваа земја беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во Турција и соседна Сирија.

Повеќе од десетици илјади згради беа срамнети со земја, а сега е во тек уривањето на тешко оштетените објекти.

По разорните земјотреси Турција беше погодена од повеќе од 7.000 последователни потреси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author