https://www.facebook.com/photo/?fbid=668693098590986&set=pb.100063509055284.-2207520000.

18.02.2023 Скопје

Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Во следните два дена (18 и 19 февруари) целиот приход од купување книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, во сите книжарници на „Литература.мк“, ќе биде пренаменет за донација на погодените подрачја.

„Во овие тешки мигови, наша општествена и морална одговорност е да подадеме рака и да бидеме луѓе за оние на кои тоа е најмногу потребно. Ве повикуваме да се приклучите кон акцијата и со секое купено издание од македонски автори во издание на „Арс Ламина“ да помогнете на настраданите“, истакнаа на својата официјална страна.

„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ и понатаму ќе продолжат со својата хуманитарна мисија, секогаш подавајќи рака на оние на кои им е потребна помош, стои во најавата за претстојниот хуманитарен викенд.

Подготвено од М.Н.

About Author