10.02.2023 Скопје

Истражување кое е спроведено од страна на медицински организации на повеќе од 14.000 лекари во Хрватска, покажа дека дури 97 отсто од лекарите се незадоволни од нивниот статус во Законот за работни односи.

Анкетата ја спроведоа Хрватскиот лекарски сојуз, Хрватското здружение на болнички лекари, Координацијата на хрватската семејна медицина (КоХОМ) и Иницијативата за млади лекари, и како што соопшти ХЛК, дава силен легитимитет на тие загрижувачки бројки.

Од понудените активности, убедливо најмногу лекари (73 отсто) избрале јавен протест, а 61 отсто од нив се подготвени да штрајкуваат, што укажува дека „лекарите се уморни од празни ветувања, вечно купување време, одложување на неопходните промени и празни претстави“.

Медицинските организации до крајот на неделата треба се договорат со која активност ќе започнат откако за тоа ќе одлучат нивните главни раководства.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *