https://www.facebook.com/photo.php?fbid=526762452139227&set=pb.100044164309677.-2207520000.&type=3

23.02.2023 Скопје

Хрватскиот парламент денеска ќе расправа за отповикување на премиерот Андреј Пленковиќ на предлог на 33 пратеници од опозицијата, кои како причини наведоа корупциски скандали, неуспех во спроведувањето на здравствената реформа и навремена реконструкција по земјотресот.

Предлогот за покренување на прашањето за доверба првпат се расправа во Хрватскиот парламент откако Пленковиќ ја презеде премиерската функција во октомври 2016 година.

Опозициската партија во Хрватска во изминатите години неуспешно се обиде да ја отповика целата влада и голем број министри, но никогаш премиерот.

Подготвено од М.Н.

About Author