23.02.2023 Скопје
За неполни два месеца во Хрватска се откриени повеќе фалсификати на евро банкноти отколку во текот на цела минатата година кога беа запленети 260 лажни евро банкноти, но и претходната година кога беа 228.
Овој голем пораст веќе го забележаа рестораните, а скенери и хемиски детектори на лажни банкноти станаа задолжителен дел од опремата за барови.
Лажни еврa се откриени и на хрватскиот граничен премин Свилај. Маж пристигнал на граничниот премин со осум илјади лажни евра, се обидел да прошверцува 800 банкноти од по 10 евра во Хрватска, но бил откриен од страна на граничната хрватска полиција.
„Утврдено е дека 60-годишниот маж на 19 февруари околу 20 часот и 30 минути со возило со германски регистарски ознаки дошол на граничниот премин Свилај, при што полициски и царински службеници извршиле преглед на возилото“, изјави Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за јавна односите на ПУ Брод-Посавина.
Оние лица кои ќе бидат фатени од полицијата за правење лажни банкноти ќе се соочат со затворска казна до десет години, а оние кои несвесно добиваат лажни пари, а свесно ги предаваат, ќе поминат три години во затвор, соопшти Ковачевиќ.
Подготвено од М.Н.