01.02.2023 Скопје
Односните меѓу Србија и Грција се засновани на искрено пријателство и меѓусебна поддршка, истакнаа претседателот на собранието на Србија и амбасадорката на Грција, на заедничкиот одржан систанок.
Грчката амбасадорка во Србија Марија Леванти соопшти дека позицијата на Грција околу почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија нема да биде сменето, но дека ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Претседателот на собранието на Србија Владимир Ориќ порача дека, и покрај ирационалното однесување на Приштина, Белград останува цврсто приврзан на политиката на мирот, стабилноста и дијалогот меѓу двете земји.
Ориќ и Леванти изразиле спремност добрите политички односи на двете држави да се преточат во посилна економска соработка, пред се во областа на трговската размена и енергетиката.
Подготвено од М.Н.