01.02.2023 Скопје
Граѓаните од регионот и неевропските земји да може слободно да купуваат недвижен имот во земјава е дел од иницијативата што македонските агенции ќе се обидат да ја претстават преку стопанските комори.
Идајет Положани, кој е сопственик на агенција за недвижности од Струга објаснува дека со постојните закони тоа им е овозможено само на граѓаните на ЕУ и САД.
Домашните агенти за недвижности укажуваат на уште една бариера во контекст на кредитирањето на дијаспората. Според Положани, нема смисла тоа што на нашите гастарбајтери што се далеку покредитоспособни од македонските граѓани, кога бараат да подигнат кредит во банките, им бараат жиранти.
Од друга страна, македонските државјани се повеќе купуваат недвижности во Грција, откако неколкугодишната криза ги урна тамошните цени.
Интересот за земја во Грција со поглед на море, на Македонците им го овозможија законските измени, со кои на странски државјани од пред неколку години, им се дозволи да бидат сопственици на недвижен имот во соседните земји, без разлика дали се или не се членки на Европската Унија.
Инаку, со купување имот од над 250.000 евра, во Грција се добива и златна виза, која освен за носителот на инвестицијата се однесува и на потесните членови на семејството.
Подготвено од М.Н.