https://www.facebook.com/photo/?fbid=225158656562724&set=pb.100072057729742.-2207520000.

08.02.2023 Скопје

Граѓани од населбата Автокоманда вчера повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија.

Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после 22 часот, а неретко парното наместо во 6 часот им се вклучува во 7 часот наутро.

„Имавме средба со ЕСМ ни рекоа Владата има донесено таква одлука, зошто Владата не ја донесе одлуката пред сезона ние имаме мали деца, имаме стари луѓе, треба да се подготвиме, ќе прифатиме некои работи поради светската криза, ама не на ваков начин и во ова време“, порачаа жителите на Автокоманда.

На протестот беше присутен и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој целосно ги поддржа барањата на жителите.

„Се одржа средба со престатвници на ЕСМ, меѓутоа барањата на граѓаните не беа слушнати воопшто, ниту пак се даде конкретен одговор за овој проблем. На средбата беше присутен и претстедателот на урбаната заедница, настапија со три барања, но не беа прифатени. Барањата на граѓаните се разумни и реални, недозволиво е во тек на грејна сезона да се префрлаат на друг снабдувач како што соопштија и некои од нив имаат мали деца, стари луѓе, кои не се подготвени во вакви услови да ја поминат зимата со промена на снабдувач и временски интервал на затоплување“, изјави градоначалникот Стефковски.

Ова е третпат како граѓаните излегуваат на протест поради незадоволство од новиот снабдувач со топлинска енергија.

Добиени се информации и дека најверојатно следно од ЕЛЕМ ќе бидат исклучени населбите Железара, Маџари и Хиподром.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *