gradezni rabotnici

20.02.2023 Скопје

Меѓу 15.000 и 20.000 работници недостигаат во градежниот сектор. Дел од нив веќе ја напуштија земјава и заминаа во регионот и во Европа каде што условите за работа се подобри, а платите се далеку повисоки. Поради ваквата состојба забавено се одвива градењето на објектите, а конкуренцијата од соседите од Отворен Балкан – Србија и Албанија, каде што овој сектор е подобар, ќе ја влоши дополнително работата со недостиг на кадар.

Градежниците се жалат дека државата не води грижа за градежниот сектор со тоа што најголемите капитални проекти ги дава на странски фирми, а работниците се третираат како сезонци со ниски плати.

Според нив, излезот се бара во системско решение кое ќе овозможи образување на кадар, моментална преквалификација на невработените за кои не може да се обезбеди работа, но и да се овозможи увоз на стручен и инженерски кадар.

Податоците на градежната комора укажуваат на тоа дека кај турските градежници кои градат во земјава и дел од нашите градежни фирми се увезени околу 4.000 работници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author