work-baneri-Makedonia

16.02.2023 Скопје

По успешниот настап на Националната опера и балет во Пловдив, Бугарија, на 7 февруари годинава со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“, Државната опера од Пловдив ќе се претстави пред македонската публика во Националната опера и балет на 17 февруари со почеток во 20:00 часот со балетските едночинки „Долгата божиќна вечера“ и „Жени во Д-мол“.

Од Националната опера и балет информираат дека балетските едночинки „Долгата божиќна вечера“ и „Жени во Д-мол“ се од меѓународно признатиот водечки современ кореограф Раду Поклитару.

„Долгата божиќна вечера“ e според истоимената драма на Торнтон Вајлдер и музика на Вивалди, а „Жени во Д-мол“ од Бах е инспирирана од „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка. Сценограф е Андреј Злобин, костимограф е Дмитро Курјата, светло-дизајн: Лена Антохина. Настапуваат балетските уметници од Државната опера од Пловдив, Бугарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author