https://www.facebook.com/photo/?fbid=2358578914291995&set=pcb.1367256174032306

10.02.2023 Скопје

Јапонските власти, авиокомпаниите и железничките компании соопштија дека поради обилните снежни врнежи во поголемиот дел од Јапонија откажани се 100 летови и блокирани се десетици патишта, додека железничкиот сообраќај е во прекин.

Јапонското Министерство за транспорт соопшти дека домашните авиокомпании и други компании откажале вкупно 100 летови поради снегот, а делови од 31 автопат се затворени во централна и источна Јапонија, додека 54 излези од експресниот пат во Токио се блокирани.

Во соопштението за печатот се додава дека железничкиот сообраќај на повеќе од десет правци во централна и источна Јапонија е во прекин или се планира да биде во прекин.

„Источната јапонска железница“, најголемиот железнички оператор во земјата, соопшти дека брзата линија меѓу Токио и североисточната префектура Јамагата од денеска ќе биде во прекин.

Големите компании за испорака, вклучително Јамато Транспорт и Сагава Експрес, велат дека може до утре да доцнат со испораката на производите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *