poplavi lizganje na zemjiste brazil

20.02.2023 Скопје

Обилните дождови во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 луѓе, а стотици беа принудени да ги напуштат своите домови, соопштија локалните власти.

Федералната влада издаде наредба до неколку министерства за да помогнат на погодените области во обновата на уништената инфраструктурата.

Сојузната држава Сао Паоло прогласи вонредна состојба во шест градови за 180 дена, а пристаништето Сантос, кое е најголемо во Јужна Америка, засега е затворено поради силните налети на ветерот кој надминуваат 55 километри на час и брановите високи над еден метар.

Претседателот Луис Инасио Лула да Силва најави дека денеска ќе ги посети подрачјата погодени од невремето, а метеоролозите прогнозираат дека обилните дождови ќе продолжат и во наредните денови, пренесуваат тамошните медиуми.

Подготвено од М.Н.

About Author