Image by wirestock on Freepik

23.02.2023 Скопје

Зимско невреме ги погоди САД, поради што фирмите и училиштата се затворени низ Дакота, Минесота и Висконсин. Речиси 5 000 американски летови се откажани денеска.

Додека околу 75 милиони луѓе во 29 држави се под предупредување за зимско време, се предвидува дека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури.

Метеоролозите предвидуваат силни налети на ветер чија брзина ќе достигне 80 km/h, додека поради студениот ветер во некои делови на САД температурите би можеле да паднат и до -45 Целзиусови степени.

Во северните држави, прогнозите за половина метар снег во некои делови може да значат дека областите ќе ги издржат најобилните снежни врнежи во последните 30 години. Гувернерот на Минесота Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе биде на располагање да им помогне на возачите заглавени во снежната бура.

Метеоролозите рекоа дека бурата може да создаде леден појас долг 1 200 милји (2 092 километри), од Небраска до Њу Хемпшир.

Во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што е нормално сончево и топло, ќе врне снег, а во планините и во подножјето на Вентура ќе дува силен ветер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author