humanitarna pomos od rusija za nastradanite vo turcija

14.02.2023 Скопје

Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за граѓаните на Турција кои настрадаа во земјотресите, соопштија руските медиуми.

По наредба на претседателот Владимир Путин и Владата на Руската Федерација, собрани се 36 тони хуманитарна помош за турските граѓани кои настрадаа во разорниот земјотрес, се наведува во соопштението на Министерството.

Хуманитарната помош вклучува над 100 зимски шатори со капацитет за по 30 лица и шпорети и во текот на денот тие ќе бидат испорачани во Малатија, Источна Турција.

Подготвено од М.Н.

About Author