27.02.2023 Скопје
Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со нивните Gmail сметки, а сè уште не е познато зошто и како настанал овој проблем.
Според веб-страницата Down Detector, проблемите започнале во 13:08 часот по наше време.
Повеќе од половина милион корисници на Gmail во денес наутро не можеле да пристапат до нивниот профил, а оние кои успеале биле шокирани кога сфатиле дека сите нивни пораки и архивата за разговор на Google се избришани.
Гугл соопшти дека 0,08 отсто од корисниците имале проблеми, односно дека бројката од половина милион корисници е пренадувана и дека всушност се 159.000 корисници.
И додека многумина не се задоволни од оваа вест и додека цело утро ги проверуваат своите кориснички сметки, инженерите на Гугл работат на отстранување на проблемот кој наводно е предизвикан од тип на вирус кој почнува да ги препознава старите корисници како нови.
Подготвено од А.Ѓ.