14.02.2023 Скопје
Коалициската либерална партија ФДП би можела да ги блокира зелените мерки како што се новите далноводи и да ја удвои изградбата на повеќе автопати за да го подигне својот профил меѓу гласачите по нејзините катастрофални резултати на регионалните избори во Берлин во недела.
ФДП претрпе тежок удар на неделните повторени избори во Берлин: со 4,6% од гласовите според прелиминарниот резултат, партијата не го помина ни прагот од 5% и нема да влезе во регионалниот парламент.
Ова најверојатно ќе ја поттикне партијата да ги удвои своите позиции и да стане сè понекомпромисна во рамките на федералната владина коалиција.
„Времето на смирување заврши“, рече заменик-шефот на партијата Волфганг Кубицки, по објавувањето на прелиминарните резултати во јавноста. Партијата нема да избегнува да ги држи владините проекти како заложници за да ги протурка своите позиции, рече тој.
Ако Зелените продолжат да ја блокираат изградбата на нови автопати, рече тој, ФДП само ќе стави вето на сите нови далноводи додека коалицискиот партнер не се повлече.
Германската владина коалиција во моментов е поделена околу тоа дали на новите патишта треба да им се даде исто ниво на приоритет како „позелените“ транспортни средства, како што се новите железнички пруги.
Изборниот пораз на ФДП во Берлин доаѓа по серија катастрофални резултати од регионалните избори – по секој од кои раководството на партијата вети дека ќе го „зајакне својот профил“ во коалицијата.
Подготвено од А.Ѓ.