minister za odbrana na germanija boris

15.02.2023 Скопје

Министерот за одбрана Борис Писториус на маргините на состанокот на министрите во Брисел изјави дека германската влада потпиша договори со локалната индустрија за оружје за производство на тенковска муниција во име на Украина.

Писториус потврди дека владата „веднаш“ ќе го обнови производството на муниција за оклопните транспортери „Мардер“ со кои Берлин и другите партнери ја снабдуваат Украина. Воедно, тој додаде дека владата веќе потпишала договори со германскиот производител Рајнметал во име на Украина.

Според Писториус, ова решение било неопходно бидејќи би било потребно одобрување од парламентот за Германија да ги потпише договорите на свое име, што би траело предолго.

Обезбедувањето доволно количество тенковска муниција беше клучен предизвик за Украина да се бори против руската инвазија.

Социјалдемократскиот министер нагласи дека чекорот помага да се обезеди „брзо снабдување на Украина со очајно потребната муниција“.

Според информациите до кои дојде Зидојче цајтунг, од јули наваму во Украина треба да бидат испорачани 300.000 парчиња муниција.

Берлин досега има испорачано вкупно 60.000 куршуми од сопствените залихи. Бројот беше ограничен поради фактот што Швајцарија, каде што Германија произведува големи количини од својата муниција, ја блокираше испораката на одбранбени производи од Швајцарија во Украина поради нејзината воена неутралност.

Во вторникот, швајцарската влада повторно го одби барањето од Берлин да одобри испорака на муниција произведена во земјата во Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author