02.02.2023 Скопје
Владата на Република Северна Македонија вчера ја одржа 122-та владина седница.
По завршување на седницата соопштија дека била разгледана Информацијата од Министерството за здравство за потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со Цистична фиброза.
На владината седница заклучено е дека Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување треба да одржат заеднички координативен состанок, со цел доставување предлог решение за набавка на терапија за лицата кои боледуваат од цистичка фиброза.
Подготвено од М.Н.