17.02.2023 Скопје
Фудбалската федерација на Шпанија соопшти дека е отворена истрага за случајот „Негерира” и се побарани повеќе информации од судискиот комитет и Барселона.
Барселона се најде во скандал откако се дозна дека „каталонците“ во периодот од 2016 до 2018 исплатиле речиси 1,4 милиони евра на потпретседателот на судискиот комитет Енрикез Негреира.
Фудбалската федерација на Шпанија соопшти дека по доаѓањето на новото раководство во 2018 година, била направена промена на членовите на судискиот комитет и господиот Енрикез Негреира повеќе не е член, а новите членови се обврзани да ги прикажат сите дополнителни приходи кои ги имаат, а се поврзани со фудбалот со цел да се утврди дека нема конфликт на интереси.
Клубот од Камп Ноу не ги негира исплатите, но се закани со тужби кон сите оние кои ќе сугерираат дека на овој начин била купена наклонетост на судиите.
Подготвено од М.Н.