https://www.facebook.com/photo/?fbid=515366534115115&set=basw.Abpkd-S8qoNt8uTqFT99STF3VWOoq3n8yGGHDGyFEsg-3w_GLTi3MwlPPGHkUbHijdu6kLITPRdrc7a3CvFZW04IADOSAF9kPZzNCvv7NLV-c53PTmrvO0ERDZfSKwK_ia_EkUnSE8-8XTn39yzitH-9a0HteKhk0FhBF7IMIGnBn49n8o4nh_sujje0_796S5TyofSFvw_sn7TQ5s4qoWMq&opaqueCursor=AbrL5TUasGMKdv1D4OSyLYP0kYN_KPsOYN_pulVZAe8-72HqgOW2O1JOn52ZwvecSFJ9gtHabXkCrWZfvvZNKN3STt5anbaW31nPL_NRAwNiRcFWPGL5Pi1wj9wPKnJ7d3NrjKLvRNeX8SoCa3C8kvs0hSEFHyiuVnQTqYXtKTJ2iMZKgxtvhdOOCDhoXFC8rLB6plWffeDMrRa7hxD1amPvFnTJ3roZWToWtwbA-eZ742swaYBgkduH4qg52V6294R1Zu40GzNopfmbSdhatmcYRabq9pIwPVfLszXjYZMmYulW4nCiJK6rn7aHnjYmuDFAhgX2v5UIEErEPwLr8VAtpHHAjat6UAv9tDD7qrAD9VCm6Fl4sG_GYc0AEdvYuLrXp_gTWdUIYYLDzKNmuHXK8vI7t9NJF6Jo0DpQvG3eFweYnACnmKg0pP23f65FHSR6f_rrcBSDARc3mB1wMVugfInOmE3RHq2GdKC-b-iyGmareoacXyYv6BBnXdfqgybLiLbaxxJEseUGG4fiKIR4zW_MdTq2tVCG6CRhb7oS_dyFpEpxIC_jAZfPURmNYK2BsFMpSJBfmrzXKZLy7xFZMGTJFM4E1XFYiPv9iyabXGO57Uixqvz-VNC0eL_yHm4nk52btPYONgj2Mhcuu87KTyMfIXD22HHc1J2hdhIvpA

28.02.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу потпишаа договор за кофинансирање на проект за енергетска ефикасност во рамки на ИПА програмата на Европската унија.

На училиштата „Хасан Приштина“, „Имри Елези“ и „Лирија“, како и на детската градинка „Снежана“ во Општина Чаир ќе се инсталираат фотоволтаици за производство на електрична енергија.

Пенов информираше дека проектот од ИПА програмата, што ќе се реализира заедно со косовската Општина Урошевац, е во вредност од 423 илјади евра, при што половина од средствата ќе ги користи Чаир, а Министерството ќе учествува со кофинансирање на 15 проценти од средствата.

Запрашан во врска со промената на името на улицата „Војдан Чернодрински“, Ганиу рече дека тој процес е почнат од порано, со поранешните градоначалници на Општина Чаир и Град Скопје, дека се поминати сите фази за промени на имињата на улиците и дека дури од Општината доцнеле со промовирање на новото име.

Министерот Пенов во врска со истото прашање информираше дека со името „Војдан Чернодрински“ во 2021 година е именувана улица во населбата Пролет во Општина Центар, која ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крушевска Република“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author